
Шаќири: Матура ќе се полага на 27 мај
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 12 Мај 2023

Државната матура ќе се полага на 27 мај како што е предвидено со закон, рече министерот Шаќири.
„Барањата ги поддржувам, но мојот конечен став е дека државната матура ќе се реализира на 27 мај како што е предвидено според рокот. Според податоците што јас ги добивам како министер се прават сите подготовки да се полага државната матура. Ако е потребно од понеделник и вработени од Министерството за образование и наука ќе испратиме само за да се завршат работите“, рече Шаќири.
Тој нагласи дека тоа барање и од средношколците.
Шаќири додаде дека ги поддржува барањата за повисоки плати на вработените во Државниот испитен центар, ама дека тоа не треба да се доведува во корелација со реализацијата на важните процеси како матурата.
Вработени во ДИЦ се во штрајк од крајот на април и останува прекинот на работата додека не добијат согласност од Министерството за финансии за покачување на платите.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
