
МВР демантира дека не постапило по пријавите на сега веќе убиените жени во Кочани и Куманово: да не се пласираат дезинформации
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 27 Септември 2023

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите изнесени од граѓански здруженија дека полицијата наводно не постапила по пријавите на жените што беа убиени во Кочани и Куманово.
„Напротив, од страна на МВР е постапено по секоја пријава. Во врска со случајот во Куманово, од страна на СВР Куманово редовно се преземани мерки и активности и во периодот од 2013 до 2023 година од страна на СВР Куманово до надлежното ОЈО Куманово се поднесени пет кривични пријави против Д. Ј. за сторено кривично дело по член 130 ст. 2 од Кривичниот законик, во кои оштетено било лицето Е. А..
Во врска со случајот во Кочани, во ОВР Кочани, на 16.5.2023, во 11.30 часот, Т. М. пријавила дека подолг период У. Р., со кого биле во љубовна врска, ја уценувал дека ќе објави компромитирачки фотографии и видеа доколку не му даде пари. Од страна на инспектори во НК за КР – ОВР Кочани е постапено по пријавата и на 31.5.2023 до ОЈО Кочани е доставен поднесок – известување, со службен материјал во прилог, а на 5.6.2023 до надлежното Обвинителство е доставено и дополнување на известувањето, со службен материјал во прилог.
Министерството за внатрешни работи секогаш постапува по добиените пријави и се преземаат мерки и активности во координација со другите надлежни институции. Апелираме да не се пласираат дезинформации.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
