Бухова по прозивките за одговорност за случајот на Онкологија: Заклучоците се неиздржани и се одраз на политички реваншизам

„Како поранешен директор на ДЗСИ, најостро реагирам за моја политичка одговорност на предлог-заклучоците на анкетната комисија при Собранието за случајот на Онкологија“, реагира ексдиректорката на ДЗСИ, Ирина Бухова.

„ДЗСИ нема никаква законска надлежност во делот на препишување терапија, распоредување терапија и контрола над начинот на кој се дава терапијата. Во прилог на ова говорат и законските надлежности на инспекторите од ДЗСИ, од каде што е јасно дека Инспекторатот не е органот што е надлежен за преземање активности и проверки во конкретниот случај. Дополнително, во рамките на иИспекторатот, додека јас сум била директор, немало никаква пријава и Инспекторатот немал никакви сознанија за евентуални неправилности за да реагира и ги проследи сознанијата до надлежните институции“, вели таа.

Предлог-заклучоцитe, според неа, се неиздржани и се одраз на политички реваншизам.

„Како здравствен работник јас ја подржувам работата како на анкетната комисија така и на секој орган што би придонел до расчистување на сите околности за овој случај, но не можам да останам нема на злоупотребата на овој процес за нелегитимно собирање политички поени и неоснована политичка дискредитација“, истакнува ексдиректорката на ДЗСИ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.