Нестабилно време до петок и невреме на повеќе места, најавуваат метеоролозите

Под влијание на исклучително нестабилна воздушна маса до петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 километри на час) и град.

Во Скопје до петок ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град, информираат од УХМР.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.