ЦУК: Невреме и штети во Светиниколско и Неготинско

Центарот за управување со кризи информира дека имало вкупно 2.281 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во последното деноноќие.

Биле добиени пријави за настанати штети од невремето во непосредна близина на с.Кадрифаково.

Според ЦУК, од поројниот дожд и големата количина вода што надошла бил поплавен надвозникот кај с.Кадрифаково, при тоа на самиот регионален пат Штип – Свети Николе имало насобрано големо количество гранки, ѓубре, наноси од кал и песок, а имало и оштетување на патот од поројната вода, при што била направено голема дупка.

„На лице место беа екипа од полицијата – ПС Свети Николе, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, пожарникарите од ТППЕ Свети Николе, а и од ЦУК – раководителот на РЦУК Свети Николе се додека последиците од невремето беа веднаш расчистени.
На 112 е добиена и пријава од гром во Неготино, по што на улица „Пано Калајџиски“ и околината, имаше прекин на електрична енергија и штети на уништени апарати во домаќинството како последици од громот. Екипите на „ЕВН Македонија“ веднаш реагираа на лице место и го отстранија дефектот“, соопштија надлежните.

ЦУК информира и за четири пожари на отворено и неколку помали интервенции во последното деноноќие.

Пожари имало спроти касарната Прилеп (горела ниска вегетација), во Струмица – на вливот на брана „Водоча“ (горела борова шума), во Валандово кај Анска Река на месноста „Мичкин Мост“ (горела ниска вегетација) и кај Млекара Тетово (каде што горела ниска вегетација).

Според УХМР, до петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и на места град. Затоа на граѓаните се препорачува на внимателност пред и за време на локалните метеоролошки нестабилности.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.