Тошковски – Ле Риголер: унапредувањето на полициската соработка е од големо значење за стабилноста на нашата земја и регионот
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 07 Октомври 2024
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковки денеска оствари работна посета со новоназначениот амбасадор на Република Франција, Кристоф Ле Риголер.
На средбата фокусот на разговор беше ставен на заедничката соработка врз веќе прифатени и договорени проекти најчесто во форма на стручни и тематски обуки со цел унапредување на капацитетите на министерството од областа на борбата против наркотици, организиран криминал, мигрантски текови, контрола на граница, борба против криминални организации за криумчарење мигранти и други.
Тошковски ги истакна приоритетите кои ги има министерството за внатрешни работи како борбата со организираниот криминал и корупцијата, дигитализација на процесите, планираните реформи и беше потврдено дека унапредувањето на полициската соработка меѓу двете земји е од големо значење за заедничкиот придонес кон мирот, стабилноста како нашата земја така и на регионот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс