Мицкоски: Барањата на турските бизнисмени се логични и очекувани и како Влада вложуваме максимални напори тоа да биде реализиран
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 14 Ноември 2024
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по одржувањето на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската комора на Македонија-Турција (МАТО), на новинарско прашање во врска со тоа какви барања имаат турските бизнисмени и со какви проблеми се соочуваат, истакна дека нивните барања се логични и не се надвор од очекувањата.
„Логични се барањата, за дел од барањата веќе се работи, веќе се во процес. Генерално дозволи за работа за работници од надвор, дозволи за градење, што се нашите приоритети. Мислам логични барања, не е нешто коешто е надвор од она кое што е логично и како Влада правиме и вложуваме максимални напори сето тоа да биде реализирано и мислам дека дел од тие работи веќе се реализираат. За дел до крајов на годината, така што не беше нешто надвор од очекувањата“, рече Мицкоски
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс