Николовски: Поголема контрола на Блаце, во радар брзите пошти
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 14 Ноември 2024
Царинската управа воспоставува засилена контрола на граничен премин Блаце се со цел спречување обиди за криумчарење на поштенски пратки. Ова беше истакнато на денешниот состанок на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски со генералниот директор на АД Пошта, Орхан Куртиши.
„Во два случаи спречени се обиди за шверц на поголеми пратки со брза пошта. Тргнавме во правец на целосно искоренување на ваквите обиди. Притоа ќе одиме со засилени контроли на граничниот премин“, истакна Николовски.
Воедно двете страни договорија унапредување на соработката.
Царинската управа, како што наведуваат во соопштението, согласно своите надлежности делува во насока на олеснување на легалната трговија и сузбивање на криминалот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс