Уапсен маж од Арачиново, шверцувал мигранти од Иран

Вчера во 05.20 часот на автопатот Гевгелија– Скопје, кај место викано „Милци“, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода 35-годишниот А.Б. од село Арачиново, скопско.

 

Полициски службеници забележале како во возилото „крајслер“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, влегуваат група на лица – мигранти. Возилото било сопрено и во негова близина биле пронајдени девет лица мигранти од Иран, кои претходно излегле од возилото.

 

Мигрантите билe пренесени во прифатно– транзитен центар во Гевгелија, а А.Б. бил задржан во Полициската станица Гевгелија и против него е поднесена кривична пријава по член 418 – б – „Криумчарење мигранти“ од Кривичниот законик.

 

Судија на претходна постапка на А.Б. му определи мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.