Зајкова да ги следи постапките на Ковачевски и да си поднесе оставка, велат од иницијативниот одбор на ЛДП
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 25 Ноември 2024
Иницијативниот одбор на ЛДП смета дека Моника Зајкова треба да ги следи стапките на Ковачевски и да си поднесе оставка.
„СДСМ ја прифати опозиционата улога и започна со нови сили да биде коректор на власта, што е здраво за секоја демократија. За разлика од нив Зајкова ја држи ЛДП во заложништво и никако не може да прифати дека народот ја прати во опозиција. Викендов во ИЕ5 наместо регионален семинар на ЛДП, Зајкова остана осамена во хотел Молика само со дел од членовите на ЛДП од Битола“, велат од Иницијативниот одбор на ЛДП.
„Општинските организации во ИЕ5 и порај невидените притисоци и закани на раководството се приклучија на трибината организирана од страна на иницијативниот одбор за реформи во ЛДП.
Колку побрзо разбере Зајкова дека партијата е поважна од личните интереси толку побрзо ЛДП ќе се реформира и ќе го врати своето значење и влијание на политичка сцена“, велат од Иницијативниот одбор на ЛДП.
Од Иницијативниот одбор на ЛДП порачуваат „наместо да прави заеднички трибини со луѓето со кои до вчера беше политички непријател и да го бламира членството и партијата, да се надмине себе си и да си поднесе оставка“.
Партијата час поскоро треба да ги отпочне подготовките за самостоен настан на престојните локални избори, се додава во соопштението.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс