Полициска потера по комбе со мигранти, возачот се обидел да побегне

Доцнаа синоќа, во близина на селото Стојаково, општина Богданци, полицијата го приведе 28-годошниот М. Е. од Албанија.

 

Во наведеното време, со возилото „хјундаи“, кое го управувал, тој не застанал на знакот за запирање даден од полициските службеници и продолжил со движење. Набргу го запрел возилото и почнал да бега.

 

При преглед во возилото и проверка на теренот тој бил пронајден и лишен од слобода, а биле пронајдени и 12 лица мигранти (по четири од Сирија, Либан и Иран), кои ги превезувал во возилото. Мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.