Тензично пред парламентот во Јужна Кореја, војската забрани парламентарни активности поради воената состојба
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 03 Декември 2024
Јужнокорејската армија денеска соопшти дека ги суспендира сите активности на парламентот на земјата, а на парламентарците им е забранет влез во зградата на парламентот, пренесе „Јонхап“.
Видеата на јужнокорејските социјални мрежи покажуваат голем број тешко вооружени полицајци во близина на зградата на парламентот во областа Јеонгдеунгпо во Сеул.
Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол претходно денеска прогласи воена состојба со цел да се искоренат просевернокорејските сили и да се одржи уставниот поредок, а опозицијата во таа земја изрази противење на таа одлука, нагласувајќи дека е неуставна, пренесе Јонхап.
Јеол рече дека нема друг избор освен да прибегне кон таква мерка и посочи дека опозициските партии ги зеле во заложништво парламентарните процеси за да ја вовлечат Јужна Кореја во криза.
Тој не кажа какви конкретни мерки ќе бидат преземени.
Лидерот на опозициската Демократска партија, Ли Је Мјунг оцени дека прогласувањето на вонредна состојба е неуставна и ги повика сите пратеници од опозицијата да дојдат во зградата на парламентот, нагласувајќи дека собранието ќе се обиде да ја отповика оваа одлука, но и додаде дека војската најверојатно ќе се обиде да уапси некои пратеници.
Претседателот на владејачката Партија на народна моќ, чиј член е Јеол, Хан Донг Хун, исто така рече дека ќе се обиде да ја блокира неговата одлука, нарекувајќи ја погрешна.
Што подразбира воената состојба во Јужна Кореја
Според новинската агенција Јонхап, луѓето кои ја прекршуваат воената состојба можат да бидат уапсени без налог. Собраниските активности се забранети.
Дополнително, сите медиуми и издавачи ќе бидат под команда на воена состојба, а активностите ќе бидат под нивна контрола.
На медицинскиот персонал, вклучително и резидентни лекари, им беше наредено да се вратат на работа во рок од 48 часа, се додава.
Дали претседателот всушност спроведува државен удар?
Претседателот, прогласувајќи воена состојба, рече дека опозицијата подготвува бунт против државата, но се поставува прашањето дали тој всушност врши државен удар.
Имено, според јужнокорејскиот закон, владата мора да ја укине воената состојба доколку за тоа гласа мнозинството од Националното собрание.
Но, армијата, откако беше прогласена воена состојба, ги забрани сите парламентарни активности, со што практично беше суспендирана законодавната власт во Јужна Кореја, која е парламентарна демократија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс