Двајца велосипедисти завршија со тешки повреди во болница, ги удрија возила на скопските улици
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 03 Декември 2024
Две сообраќајни незгоди во кои учествувале велосипедити биле регистрирани во текот на вчерашниот ден во Скопје.
Според информациите од МВР, се работи за лица на возраст од 57 и 67 години кои завршиле со тешки повреди во скопските болници по удари од возила.
Првата несреќа се случила вчера околу 13 часот на булеварот Крсте Мисирков, кога автомобил управуван од М.А. (34) од Сарај, удрил во велосипед, управуван од Б.В.(67) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Втората несреќа, два часа подоцна, била пријавена на улицата Ферид Бајрам и Рокомија во Скопје, кога комбе „мерцедес“, управувано од Н.И.(41) од с.Брест, општина Чучер – Сандево, удрило во велосипед, управуван од Р.Р.(57) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс