Осумгодишно девојче избодено до смрт: се обидело да ја заштити мајка си, која била нападната со нож во Ирска

Осумгодишно девојче е избодено до смрт кога се обидело да ја одбрани својата мајка, која била нападната со нож. Девојчето, Маликика ал-Катиб, беше прободено во грбот и градите во својот дом во Ко Вексфорд, Ирска.

 

Кај неа била констатирана смрт набргу по пристигнувањето во болница. Таа спиела во креветот кога ја разбудил метеж на долниот кат, па отишла да види што се случува, изјавиле извори за британски „Сан“.

 

Мајка ѝ, 31-годишната Алиш ал-Катиб, била прободена со нож во градите, но нејзиниот живот не е во опасност. Алиш успеала да побегне од куќата и да го вклучи алармот.

 

Таткото на Маликика, Мохамед Шакир (34), и мајка ѝ итно биле пренесени на Универзитетската болница во Вексфорд. Тој исто така не е во животна опасност. Ирската полиција ја истражува смртта на девојчето, а куќата е запечатена од форензичарите.

 

„Полицијата ги истражува сите околности за смртта на девојчето по кобниот напад во неделата на 1 декември. Полицијата и итната помош пристигнале на местото на настанот во 23.45 часот. Девојчето потоа било префрлено на Универзитетската болница во Вотерфорд, каде што починало од повредите во раните утрински часови. И жената и мажот се на Универзитетската болница во Вексфорд. Нивниот живот не е во опасност. Местото на настанот е блокирано за вештачење“, соопшти ирската полиција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.