Идентификувани шест лица што учествувале во масовна тепачка во Охрид
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 03 Декември 2024
По преземени оперативни мерки, полициски службеници од СВР Охрид идентификуваа шест лица кои на 28.11.2024 во 23.20 часот на крстосницата од булеварот „Македонски просветители“ со улицата „Партизанска“ во Охрид го нарушија јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
На разговор се повикани Н.П.(24), П.Д.(18), Ј.Ј.(23), А.К.(28), сите од Охрид, како и двајца 17 – годишници, едниот од Охрид, а другиот од Струга.
По целосно документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс