Инспекција во болницата од која бил пуштен напаѓачот од загрепското училиште: мајката ги молела лекарите да го лекуваат

Министерството за здравство за „Хина“ потврди дека покренало здравствена инспекција во Психијатриската клиника „Свети Иван“ во Јанкомир, каде наводно се лекувал 19-годишникот кој уби седумгодишно дете и рани уште неколку ученици и професори.

 

Насилникот и самиот бил повреден при обидот за самоубиство, кој бил спречен од полицијата.

 

Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ изјави дека напаѓачот веќе бил регистриран за ментални нарушувања.

 

„И пред околу една година имаше обиди за самоубиство, па тоа што денеска се обиде да си го одземе животот покажува дека е тешко да се каже дека лицето било психички избалансирано“, рече министерот, пренесуваат тамошните медиуми.

 

Одредени медиуми јавија дека разговарале со мајката на напаѓачот, која, како што пишуваат, за својот син рекла дека неколку пати бил во психијатриска болница во Јанкомир каде наводно ги предупредила лекарите дека му треба лекување, а тие како што тврди мајката, го пуштиле да си оди дома.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.