Герасимовски: Дедо Мраз им подари нова градинка на децата во Центар, завршена изградбата на градинката Пролет

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, денеска заедно со Дедо Мраз и 100 дечиња од градинката „Корчагин“ направија прошетка низ новата градинка „Пролет“ чијашто изградба е комплетно завршена.

Герасимовски, потенцираше дека е исполнета големата желба на најмалите и родителите од населбите Пролет и Маџир Маало.

„Заедно со Дедо Мраз и дечињата, направивме прошетка низ новата градинка Пролет, чијашто изградба е завршена и направен е технички прием. Ме радува задоволството на дечињата кога првпат влегоа во просториите. Денеска е посебен момент за Општина Центар и за сите жители – празничен подарок кој ќе донесе топлина и грижа за најмалите. Градинката „Пролет“ е изградена по највисоки стандарди за престој на дечињата и вработените. Оваа градинка е прва во населбата Пролет и прва градинка по 50 години“, рече Герасимовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.