Ласовска: ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува интерпелацијата на Илире Даути од ДУИ бидејќи не го почитува Деловникот

Најпрво да го истакнам ставот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Имено ние даваме поддршка на оваа интерпелација и ќе гласаме за интерпелацијата на колешката Илире Даути, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска на денешната собраниска седница.

 

Ласовска истакна дека интерпелацијата за Илире Даути е поради проблематичното работење кое го кочи работењето на комисијата.

 

„Во самото образложение на интерпелацијата се вели дека Илире Даути сосема неделовнички, противуставно, своеволно, тенденциозно, па јас би рекла и проблематично го кочи работењето на оваа комисија“, посочи Ласовска и додаде:

 

„Морам да дадам коментар по однос на излегувањето на СДС и овој парадокс што се случи денеска. Имено вчера се оградија од досегашниот партнер во владата, СДСМ се оградува од ДУИ и вели дека тие се најкорумпираната политичка партија во Македонија, а денеска излегуваат и не сакаат да учествуваат во работата на Собранието и не сакаат да дадат поддршка за интерпелацијата на Илире Даути. А, истовремено пак замислете кој е тој парадокс, законот заради кој Илире Даути заслужено добива интерпелација е поднесен од нив сега откако 7 години беа на власт и не поднесоа закон. Само што паднаа од власт поднесоа вакво законско решение“, истакна Ласовска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.