Собранието ја отфрли интерпелацијата за Меџити

Со три гласа „за“, 64 против и без воздржани, Собранието ја отфрли интерпелацијата за првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Интерпелацијата беше поднесена од Европскиот фронт поради, како што беше посочено, неговата неспособност да управува со ситуации кои придонеле за влошување на меѓуетничките односи.

Меџити, пак, рече интерпелацијата не поврзана со албанскиот јазик или балансерот, туку со желбата на ДУИ да се врати на власт, и и’ порача дека треба да се реформира.

Интерпелации се поднесени и за вицепремиерот Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик, Астрит Исени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.