Најстудено утрово на Попова Шапка

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени, -7 било во Маврови Анови и Крушево, -4 во Берово, -3 во Битола, Прилеп, Охрид, Претор, Тетово и Дебар, -2 во Крива Паланка, -1 во Виница, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Скопје-Петровец и Струмица, 0 во Велес и Демир Капија, 2 во Гевгелија.

Висината на снежната покривка утрово во 7 часот била 62 сантиметри на Попова Шапка, 57 во Маврови Анови, 39 во Крушево, 33 во Битола, 26 во Берово и Дебар, 25 во Тетово, 22 во Штип и Демир Капија, 20 во Прилеп, 17 во Виница, 16 во Претор, 15 во Струмица, 14 во Охрид, 9 во Скопје – Петровец, 7 во Крива Паланка, 5 во Куманово.

Времето во текот на ноќта и изутрина

Облачно со повремени врнежи од снег претежно во централниот дел од земјата. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. Утринава снег провејува во Крива Паланка.

Времето денеска

Променливо облачно и студено со провејување на снег претежно во јужните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 степени.

Во Скопје променливо облачно и студено со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне до 3 степени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.