На Клиниката за ортопедија извршена втора успешна трансплантација на коска од починат донор кај 19-годишен пациент

Уште една успешна трансплантација на коска од починат донор, втора во изминатото деноноќие.

 

Трансплантацијата е извршена на 19-годишен пациент за корекција на деформитет на стапалото како резултат на церебрална парализа.

 

„Во минатото корекција на деформитет се правела со користење дел од надворешната коска на потколеницата, која се земала од пациентот. Притоа се појавувал дефект, кој тешко се коригирал. Со користењето коска од кадавер оперативниот зафат трае многу пократко и не остава дефект на друго место кај пациентот, а и корекцијата е многу постабилна“, соопштуваат од Министерството за здравство и додаваат:

 

„Екипата што ја изврши трансплантацијата ја предводеше проф. д-р Зоран Божиновски со анестезиологот д-р Лилјана Ангелеска и асистентите д-р Теодора Божиновска и Кристина Јордановска заедно со средномедицинскиот кадар Менче Дојчиновска и Оливера Лазаревска. Експертизата и стручноста остануваат наш императив и силно сме фокусирани на нови методи и процедури во трансплантацијата“, вели проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

 

Претходно, беше извршена успешна трансплантација на Клиниката за ортопедија, со имплант, односно коска од починат донор, која е имплантирана на два прста кај 13-годишно дете со брахидактилија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.