СЗО: Осум лица починаа по појавата на вирусот марбург во Танзанија
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 15 Јануари 2025
Осум лица починаа од епидемија предизвикана од вирусот марбург во северозападниот регион Кагера во Танзанија, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Здравствената агенција на Обединетите нации соопшти дека ги информирала земјите членки, преку својата информативна веб-страница (EIS), за појавата на вирусот марбург во регионот Кагера во Танзанија и дека ризикот од понатамошно ширење на смртоносната болест во земјата и регионот е висок.
„На 10 јануари СЗО доби веродостојни извештаи од извори во земјата за сомнителни случаи на марбург-вирусот во регионот Кагера во Обединетата Република Танзанија. Од 11 јануари 2025 година пријавени се девет осомничени случаи, вклучително и осум смртни случаи во две области – Бихарамуло и Мулеба“, се вели во соопштението на СЗО.
СЗО објави дека добила сигурни извештаи за сомнителни случаи на марбург-вирусот во провинцијата Кагери во Танзанија на 10 јануари, со симптоми на главоболка, треска, болки во грбот, дијареја, повраќање крв, мускулна слабост и на крајот надворешно крвавење.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс