Муцунски и специјаниот пратеник Матисен разговараа за евроинтеграциите и регионалните предизвици
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 15 Јануари 2025
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на средба го прими специјалниот претставник за Западен Балкан на Кралството Норвешка, Еирик Матисен.
На средбата, министерот Муцунски ја истакна активната улога на Норвешка на Западниот Балкан, чија поддршка за интеграцијата на земјите во европските и евро-атлантските структури овозможува долгорочен и одржлив развој на регионот. Тој упати благодарност за важната развојна и експертска помош што Норвешка ја обезбедува во повеќе клучни области и изрази очекување дека оваа поддршка ќе продолжи и во иднина.
Специјалниот претставник Матисен изрази задоволство од цврстото партнерство помеѓу двете земји во рамки на НАТО Алијансата, нагласувајќи го фактот дека Република Северна Македонија е лидер во регионот од аспект на регионалната и светската безбедност. Тој ја истакна и силната поддршка што земјата ја дава за Украина како доказ за нејзината посветеност.
Во фокусот на разговорите беа и актуелни теми од регионот и пошироко. Соговорниците изразија задоволство од позитивниот развој на билатералните односи и ја потврдија својата посветеност за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и соработката.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс