Тејлор Свифт на свој вработен му дала бонус од 100.000 долари и писмо

Ако некогаш сте се запрашале колку би можеле да заработите како работник на турнеја на мегаѕвездата Тејлор Свифт, еден пост може да го даде одговорот.

 

Имено, на „Икс“ се појави фотографија од писмо кое Свифт му го испратила на вработениот Роберт во февруари 2024 година, со бонус од дури 100.000 долари.

 

„Роберт, ти благодарам за одличната работа на турнејата во Америка, заслужениот бонус е 100.000 долари. Со љубов, Тејлор“, се вели во писмото напишано на бела картичка со цветен дизајн.

 

„Каков дарежлив подарок“, „Инаку, ова беше бонус… добија 100 илјади плата! Тејлор навистина се грижи за нејзините танчери/пејачи/екипа“, „Тејлор промени нечиј живот со едно писмо“, „Кој уште добива 100 илјади долари бонус и лична порака од глобална суперѕвезда? Тоа не е само великодушност – тоа е љубезност на друго ниво“, напишаа луѓето под објавата.

 

На почетокот на декември минатата година, Тејлор Свифт ја заврши својата мегауспешна турнеја Ерас. Покрај вкупната заработка, медиумите ја објавија и наводната сума со која пејачката ги наградила своите вработени на турнејата. Според „Пипл“, Тејлор поделила вкупно 197 милиони долари бонуси, а меѓу примателите имало фризери, возачи на камиони, угостители, техничари за инструменти, продукциски персонал, шминкери, стилисти и физиотерапевти.

 

Турнејата започна во март 2023 година во Глендејл, Аризона. Таа ја заврши на 8-ми декември со настап на стадионот во Ванкувер, затворајќи го поглавјето кое траеше 21 месец. По последниот, 149-ти настап, нејзиниот продуцентски тим потврди дека турнејата Ерас ја посетиле повеќе од 10 милиони луѓе. Продажбата на билети достигна речиси 2,1 милијарди долари, со што турнејата Ерас стана најпродавана турнеја на сите времиња.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.