Градежна офанзива на „Алексо Демниевски“ – нова фаза во модернизацијата на Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров започна со амбициозна реконструкција на 13 краци на улицата Алексо Демниевски, во рамки на градежната офанзива која целосно ќе ја трансформира оваа населба. Ова е прв пат да се изведе ваква обемна интервенција на оваа локација, со вкупна должина од 3.000 метри и површина од 11.350 m².

 

Инвестицијата, вредна 15.000.000 денари, ќе донесе современи услови за жителите на урбаната заедница Мирче Ацев, особено во познатото Диво Маало, кое децении беше симбол на запоставеност. Новиот асфалт, подобрената инфраструктура и модерните решенија ќе ги зголемат удобноста и безбедноста на локалните жители.

 

„Оваа инвестиција е дел од нашата визија за модерен и функционален Ѓорче Петров. Со реконструкцијата на Алексо Демниевски, сакаме да ги подобриме условите за живеење на нашите граѓани и да им покажеме дека нивните населби се наш приоритет. Ова е само еден чекор од многуте што ги планираме – нашата цел е целата општина да стане поповолна, поубава и попријатна за живеење.“ истакна Градоначалникот Стојкоски

 

Реконструкцијата на улицата Алексо Демниевски е дел од поширокиот план на Општина Ѓорче Петров за подобрување на инфраструктурата и поддршка на локалните заедници. Очекувањата се дека проектот ќе биде завршен во наредните месеци, а жителите веќе изразија задоволство од почетокот на работите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.