(Фото) Братот на Бред Пит е згоден и успешен, но по една работа се разликува од актерот

Прославениот холивудски заводник Бред Пит со својот изглед ги плени жените од целиот свет и сè уште важи за еден од најзгодните и најпривлечни актери и покрај тоа што веќе е во седмата деценија.

 

 

 Сепак, иако милиони жени се луди по него, никогаш не сме биле доволно заинтересирани да дознаеме повеќе за неговото семејство. Така, во центарот на вниманието се најде неговиот три години помлад брат Даглас.

 

Иако многу личат еден на друг, Даглас не сакал да се занимава со јавен бизнис, но тоа не значи дека заработува многу помалку од својот славен брат.

 

 

Има компјутерска агенција и е многу успешен во својот бизнис.

 

Тој е вклучен во продажба на недвижности, инвестирање и хуманитарна работа. Покрај тоа, тој е амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ и основач на хуманитарната организација Care to Learn, која им помага на децата, а исто така собра 750.000 долари за проекти за чиста вода во Танзанија.

 

Освен тоа, Даглас не е како Бред кога е во прашање неговиот љубовен живот. Тој веќе триесет години ужива во љубовта со иста жена и заедно имаат две деца.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.