Маркетите со закон ќе бидат обврзани да ги објавуваат цените на веб-страниците, вели Мицкоски за мерката што не се применува

Маркетите законски ќе бидат обврзани на веб-страници јавно да ги објавуваат цените на сите производи што ги нудат. Оваа мерка, која лично премиерот Христијан Мицкоски ја предложи, беше најавена во последниот пакет-мерки за намалување на цените на производите, но сè уште не се применува оти се потребни законски измени.

 

„Во парламентот ќе имаме законски измени, треба првин тие да се донесат за да може потоа сето ова да се примени. Иако тоа наиде на потсмев кај одредени медиуми и кај опозицијата, таканаречениот израелски модел, гледаме доста од европските влади веќе го прифаќаат како таков. Ние бевме меѓу првите, во собраниска процедура е измената на законот. Откога ќе биде завршена и донесен законот, сметајте дека тие ќе бидат обврзани и ќе мора да го почитуваат сето тоа“, рече премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања денес во Владата.

 

Објавувањето на цените на сите производи како мерка премиерот Мицкоски го предложи пред две недели за да може граѓаните јасно да видат колкави се цените и да одлучуваат каде ќе пазаруваат.

 

Обврската за објавување на цените на сите производи кои ги нудат маркетите се предвидува со измени на Законот за заштита на потрошувачите предложени од парламентарното мнозинство.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.