
Вештачката интелигенција ги предупредува туристите да внимаваат кога поминуваат улица во Македонија оти има агресивни возачи
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 27 Февруари 2025

Некои возачи може да бидат агресивни, па затоа внимавајте кога поминувате улица. Ваков е одговорот на вештачката интелигенција („Чат ГПТ“) на прашањето дали е Македонија безбедна дестинација за патување.
Oценката е дека земјата е генерално безбедна за туристите, со ниска стапка на криминал, а насилството е ретко. Сепак, „Чат ГПТ“ препорачува, како и за секоја друга дестинација, да бидете внимателни.
Покрај сообраќајот, апликацијата ги предупредува туристите да избегнуваат протести и политички собири, како и да внимаваат да не им биде наплатено повеќе од она што е реална цена во такси -озилата и маркетите.
Се додава и дека луѓето се гостопримливи и честопати подготвени да им помогнат на туристите, безбеден е за двојки, но да се избегнуваат изолирани области во текот на ноќта. Автобусите и такси-возилата се генерално безбедни, се додава во одговорот што го добивме.
Вештачката интелигенција препорачува да се посетат Скопје, Охрид, Маврово и Кратово.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
