Возел под дејство на алкохол, со голема брзина и тешко повредил пешак: истрага за сообраќајна несреќа во Скопје

Мерки на претпазливост, кои вклучуваат привремено одземање возачка дозвола и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето, обврска на осомничениот да се јавува на одредено службено лице во судот, како и привремено одземање на патната исправа за преминување државна граница предложи јавниот обвинител за 47-годишник против кого е поведена истрага затоа што постои основано сомнение дека сторил тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

На 2 март веднаш по полноќ, осомничениот учесник во сообраќајот на јавните патишта управувал автомобил „мерцедес“ на левата сообраќајна лента од улицата „Св Кирил и Методиј“. Но, притоа не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај, така што свесно ги довел во опасност животот и телото на луѓето. Возилото го управувал со алкохол од 1,35 промил, со брзина поголема од дозволената и не забавил и не запрел на обележаниот пешачки премин. Од тие причини со предниот дел од возилото удрил во левата страна од телото на една оштетена, која како пешак попречно го преминувала коловозот на пешачкиот премин. Од ударот жртвата добила тешки телесни повреди – скршеница на долните екстремитети.

Мерките на претпазливост се предлагаат со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката и спречување повторување на делото.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.