
Ченинг Тејтум фотографиран со новата девојка, таа е 19 години помлада од него
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 03 Март 2025

Гласините дека Ченинг Тејтум (44) е во врска со 25-годишната Инка Вилијамс излегоа дека се вистина. Актерот се појави со манекенката на забава во Лос Анџелес, потврдувајќи ги гласините кои кружат веќе некое време.
Судејќи по фотографиите, парот бил одлично расположен, а според пишувањата на странските медиуми, цела ноќ не се одвоиле еден од друг.
Инка се појави во долг црн фустан со реси, што дополнително ја истакна нејзината витка линија. Тејтум се усогласи со аутфитот на својата нова девојка и облече црна маица и панталони, а сето тоа го комплетираше со сива јакна.
Инка е родена во Мелбурн, а израсната на Бали. Таа со години гради успешна кариера во светот на манекенството, а неодамна лансираше и свој моден бренд She Is I. На Инстаграм често објавува фотографии од своето секојдневие, а ја следат повеќе од 2,4 милиони луѓе.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
