
Јанчев: Власта ќе им дозволи на инвеститорите да сечат шума без дозвола од државата
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 10 Март 2025

Денес пред собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство владата на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ се обидува да протурка законски измени со кои се овозможува т.н. инвеститори да ги сечат македонските шуми без никаква контрола од страна на државата, велат од Левица.
„Слушнавме дека станува збор за ситни измени кои ќе ја олеснат изградбата на инфрастуктурни проекти од јавен интерес. Не е така, ова се и крупни измени од аспект на заштитата на шумите. Што се прави со овие измени? Се тргаат контролните механизми за заштита на шумите, со цел полесна сеча на шуми, истакна Сашко Јанчев, пратеник на Левица на комисиската расправа.
Како што истакна, во постоечкото решение, при изградба на инфраструктурни проекти од јавен интерес, сечење на дрвна маса може да прави само ЈП „Македонски шуми“ и правни лица кои имаат лиценца со согласност.
„Сега се дозволува ова да го прави инвеститор, без лиценца, без согласност, само треба да даде обично известување. Значи, можеме да имаме ситуација да дојде инвеститор и да рече: јас сега сечам, и никој да не се прашува, тие се главни во случајов.
Ова се крајно лоши решенија. Не прават ништо другу туку само ги отстрануваат контролните механизми за заштита на шумите. После она што го имавме со пожарите и со штетата на шумите да носиме ваков закон е надвор од памет“, кажа Јанчев.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
