
(Видео) Петрушевски: Пендаровски и СДС ги рушат националните позиции и не може да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 10 Март 2025

Пендаровски и СДС ги рушат националните позиции, и не можат да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Прашува, кому му служеа изјавите на Стево Пендаровски дека од амбасадори дознал кои се позициите на Владата и како таа се бори за националните интереси во однос на интеграцијата во ЕУ.
Дали Стево Пендаровски свесно ја минира Македонија или во еуфорија пред камера глумејќи аналитичар не знае што кажува, праша Петрушевски.
Според него, без разлика дали свесно или не, Пендаровски уште еднаш ја докажа својата оговарачка природа на предавство и откривање на националните позиции.
„Пендаровски не само што ја загрозува Македонија, туку и шири омраза кон САД и претседателот Трамп, кои се наш силен сојузник и партнер.
СДС како едвај да чекаа да свртат грб на САД, и да го покажат своето вистинско лице. СДС се качи на бродот со Левица, против Македонија и САД“, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
