
„Влен“: Главната идеологија на ДУИ е личниот интерес
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 10 Март 2025

Новиот Артан Груби се обидува да ги демантира Али Ахмети и Бујар Османи. Очигледно најавите за бојкот на локалните избори му ги загрозуваат шемите на Блерим Беџети со Данела Арсовска, велат од „Влен“ преку соопштение.
„Не случајно поранешниот заменик градоначалник на Скопје на говорницата во Советот изјави дека Данела Арсовска за градот се служи со искуствата од Сарај. На 6 месеци пред почеток на кампањата на Беџети не му одговара лузерската тема за бојкот бидејќи не може до крај да ги реализира комбинациите за профит.
Едноставно, никој не сака да биде во друштво со губитници. Затоа, Беџети ја модификува тезата, демек ДУИ бил спремен за избори ама тие немале да се одржат ако се чепнел Албанскиот јазик.
Коалицијата ВРЕДИ му порачува на ова изгубено раководство на ДУИ: Прво, не се чепка во Албанскиот јазик туку се постапува и ќе се постапува за санкционирање на криминалот на вашите поранешни функционери. Второ, сценариото за политичка криза што го договарате со политичари што се на црна листа е поврзано исклучиво со вашиот патолошки страв од пораз на локалните избори. Трето, Албанскиот народ не е наивен да дозволи едни обични лопови од ДУИ да го манипулираат со лажни приказни за наводна “деалбанизација” и затоа следува жестока казна која ќе ве испрати на буништето на политичката историја“, се додава во партиското соопштение.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
