Герасимовски: Најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, Општина Центар стои на располагање да помогне на Општина Кочани и на сите граѓани

Градоначалникот Горан Герасимовски изразува најдлабоко сочувство до семејствата, роднините и пријателите на загинатите во големата трагедија во Кочани и истакнува дека Општина Центар стои на располагање за да помогне на Општина Кочани и на сите граѓани.

„Со голема тага и неверување утринава ја примив веста за трагедијата во Кочани, во која млади животи беа прерано згаснати. Најдлабоко сочувствувам со семејствата, роднините и пријателите на загинатите во оваа страшна несреќа. Ова е ненадоместлива загуба, болка што ја чувствува цела Македонија. На повредените лица, кои се под медицинска нега, им посакувам брзо и целосно закрепнување. Во моменти на ваква тага, најважно е да бидеме заедно, да се поддржуваме и да си помагаме. Општина Центар стои на располагање за да помогне на Општина Кочани и на сите граѓани на кои е потребно. Солидарноста е неопходна во овие тешки моменти. Нашите срца и мисли се со вас“, вели Герасимовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.