
Гаши изрази сочувство по трагедијата во Кочани: „Нашите молитви и мисли се со сите погодени“
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 16 Март 2025

Со длабока тага ја примив веста за тешката трагедија во Кочани, каде што во огромен пожар животот го загубија повеќе од 50 лица и десетици други се повредени, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши.
„Во моето лично име и во име на Собранието на РСМ, изразувам најискрено сочувство до семејствата на жртвите. Ги повикувам надлежните власти да се ангажираат со посветеност за целосно расветлување на случајот, додека ние целосно се солидаризираме со оние кои поминуваат низ овие тешки моменти. Нашите молитви и мисли се со сите погодени од оваа трагедија“, вели Гаши.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
