
Истрагата за пожарот во кочанската дискотека е почната од 5 обвинители
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 16 Март 2025

Државниот обвинител Љупчо Коцевски утринава по состанокот со колегите од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани и со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, формирал тим од 5 обвинители кои ќе ја водат истрагата за денешната голема трагедијата кога во пожар во локалната дискотека „Пулс“ загинаа 51 млади луѓе, а 118 се повредени.
„Првичните сознанија се такви, дека пожарот настанал од пиротехнички материјали, но во моментов не можеме да повеќе да кажеме. Во моментов ништо не можеме да ви кажеме и работат 5 јавни обвинители, целиот капацитет е спремен. Не може да потврди колку луѓе имало у дискотеката. Првични сознанија ќе има кога ќе заврши увидот. Увидот нема рок ќе трае се додека не биде завршен. Изрази длабоко сочувство, најави брза и целосна истрага со вештаци од сите области. Не можеше да каже точна бројка за лицата кои се приведени на разговор“, рече обвинителот Коцевски.
Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош.
Распределба на хоспитализираните пациенти:
Детска хирургија – 4
Клиника за пластична хирургија – 11
Клиничка болница Штип – 45
Општа болница Кочани – 30
Св. Наум Охридски – 29
8 Септември – 17
КАРИЛ – 16
Од вкупниот број хоспитализирани, 18 пациенти се во критична состојба:
Детска хирургија – 3
КАРИЛ – 7
Градска општа болница – 5
Стара Градска – 3
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
