Во моментот 118 лица се згрижени низ болниците во државата, вели Таравари

Министерот за здравство Арбен Тараври кажа дека повредени од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени низ државните болници и на Клинички центар во Скопје и на сите им е укажана медицинска помош. Засега имаат капацитети државните болници да ги згрижат сите повредени, а била понудена помош и од држави од соседството.

„Во моментов 118 лица се згрижени низ болниците во државата – во Кочани, во Штип, во болнците тука Сега одиме во Клиничка болница на хирургија и на Карил да видиме каква е состојбата. Неколку има на Пластична хирургија на детска хирургија. Сите детални информации ќе ви ги дадеме. Тоа што е најбитно дека нема пациент којшто не е тријажиан, што не е сместени низ болнците во државата. Сите наши капацитети се ставени во функција и се надевам дека ќе дадеме максиум од себе за да спасиме што повеќе животи на децата на коишто им се случила трагедијата“, изјави Таравари.

Тој најави дека повеќе информации ќе даде откако ќе добие податоци од клиниките во однос на видот на повредите и дали некој од хоспитализираните во меѓувреме им подлегнал на повредите.

Рече дека засега се во комуниакција со државните болници, бидејќи нема потреба за тоа. Била понудена помош и од соседните земји.

„Министерот за здравство на Бугарија се јави дека се подготвени за се што треба. Евентуално ако има потреба тука се за да ни помогнат“, изјави Таравари, додавајќи дека засега државните болници се добро организирани и нема потреба од странска помош.

По посетата на Ургентниот центар најави дека ќе замине за Штип, а од таму за Кочани за да добие точни информации.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.