
Герапетритис разговарал со Муцунски, изразил подготвеност Грција да обезбеди помош во врска со несреќата во Кочани
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 16 Март 2025

Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, утринава телефонски разговарал со шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во врска со несреќата во Кочани.
На својот македонски колега му изразил сочувство за жртвите во несреќата во која загина 51 лице, а околу 100 други се повредени.
Шефот на грчката дипломатија, како што јавуваат локалните медиуми, за време на телефонскиот разговор со Муцунски изразил подготвеност Грција да обезбеди секаква неопходна помош, вклучувајќи и спасувсчки тимови и медицинска помош.
Во меѓувреме се огласи и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој изрази искрено сочувство до Македонија во врска со несреќата во Кочани, повторувајќи ја подготвеноста на Грција да пружа помош.
„Срдечно сочувство до народот на Северна Македонија за загубените животи во трагичниот пожар во Кочани. Моите мисли се со жртвите и нивните семејства, а на повредените им посакувам брзо закрепнување. Грција е подготвена да помогне во ова тешко време“, пишува Мицотакис во објава на Икс.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
