
„Ах бре убаво дете, сите списоци, сите болници ги баравме за да те најдеме, Струмица загуби талентиран музичар“, напиша Костадинов
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 16 Март 2025

„Ах бре убаво дете, сите списоци, сите болници ги баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука…“, напиша градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на социјалните мрежи.
„Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, кој преку својата музика ширеше радост и емоции.
Во овие тешки моменти, моите мисли и молитви се со неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа и сакаа. Нека почива во мир, а неговата музика и споменот за него вечно да живеат во нашите срца“, додаде Костадинов.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
