
Повеќето од починатите, загинале во стампедото во дискотеката, кажа директорка на општата болница во Кочани
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 16 Март 2025

Кристина Серафимова директорка на општата болница во Кочани изјави дека првиот повик бил во 2 часот и 48 минути на брза помош со назнака дека во дискотеката имало пожар.
„За 15-30 минути беа мобилизирани сите, кои се јавија на работа иако не беа. Пациентите што пристигнаа беа на возраст од 16 до 24 години. Најмногу имаше со изгореници и со интоксикација со јаглероден моноксид. Тука се направи првата тријажа на пациентите кои беа препратени до Клиничката болница Штип првично. Многу ни помогна и од соседните здравствени домови, Клиничката болница Штип испрати свое возило и од брзата помош од Скопје. Пациентите беа пренесени во најкус можен рок. Оние кои беа со помали изгореници од прв степен беа задржани во кочанската болница, сите други беа препратени, првично во Клиничката болница Штип, а тие со изгореници од 3 и 4 степен беа однесени во Скопје“, изјави Директорката на општата болница во Кочани.
Таа додаде дека моментално во таа болница има 12 пациенти и се во стабилна состојба, а другите се испратени во другите клиники.
„Повеќето од пациентите кои се починати, починале во стампедото кое што е направено при паниката во такви услови. Најпрво паничен напад, почнале да излегуваат од влезот“, кажа директорката.
Пациентите се од повеќе градови од Македонија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
