
Седум пациенти се згрижени во Клиника Жан Митрев, за критичните се очекува да бидат преземени и да биде организиран трансфер во странство
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 16 Март 2025

Во овие критични моменти, Клиниката Жан Митрев извести дека е целосно посветена на обезбедување итна и најквалитетна медицинска грижа за сите погодени од несреќата.
„Во моментов, кај нас се згрижени седум пациенти, од кои тројца се во животозагрозувачка состојба и се интубирани. Нашиот медицински тим вложува максимални напори за нивна стабилизација и се очекува организирање трансфер во странски медицински центри за понатамошно лекување.
Ги мобилизираме сите расположливи ресурси и остануваме посветени на борбата за секој живот. Нашите мисли и поддршка се со пациентите, нивните семејства и сите засегнати од оваа трагедија“, сооштија од Клиниката Жан Митрев.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
