Приведен крадец во Гостивар, дел од украденото пронајдено и вратено на сопственикот

Синоќа во 23.15 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Т.(54) од Кавадарци, со живеалиште во Гостивар.

 

Тој се сомничи дека во периодот од 12.00 до 13.00 часот во помошна просторија од куќа на Р.Н.(71) од Гостивар извршил кражба, при што одзел околу 7.000 евра во разни апоени.

 

Кај него биле пронајдени и одземени дел од парите.

 

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.