Иако не ги исполнувале условите биле вработени: кривични за директор и членови на комисии од Охрид и од Струга

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.А.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против Л.А.(42) од Струга, В.А.(59) од струшкото село Радолишта, А.М.(55) од Струга, В.П.(49) од Охрид и Ј.Б.(49) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

 

Првопријавениот, во текот на 2023 година, во својство на в.д. директор на Јавното претпријатие „Колекторски систем“ – Скопје, подружница Охрид, по објавен оглас за вработување на неопределено време, потпишал одлуки за избор и вработување на двајца кандидати, иако знаел дека не ги исполнувале во целост законските услови наведени во огласот.

 

Останатите пријавени, како членови на комисиите за спроведување на постапка за вработување на двајцата кандидати, иако знаеле дека условите од конкурсот не се целосно исполнети, се потпишале и ги одобриле конечните ранг листи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.