
Утре еден час помалку спиење – во два по полноќ почнува летното сметање на времето
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 29 Март 2025

Вечерва, сабота кон недела, почнува летното сметање на времето.
Тоа значи дека стрелките на часовникот во два часот наутро на 30 март ќе се поместат еден час нанапред и ќе биде три часот.
Летното сметање на времето завршува во последната недела во октомври, со поместување еден час наназад, кога три часот наутро ќе се брои како два часот по полноќ.
Летното сметање на времето е договореното правило за поместување на часовниците напролет, во последната недела од март. Овој систем во светот е стар повеќе од еден век. Предложен е 1905 од британскиот претприемач и градежник Вилијам Вилет, но бил прифатен во 1916 година со цел заштеда на јаглен.
Во Македонија летното сметање на времето е воведено во 1983 година, кога таква одлука била донесена на ниво на тогашната Сојузна федеративна република Југославија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
