
Шест пациенти денеска се враќаат од странство, пет од Србија и еден од Италија
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 31 Март 2025

Шест пациенти денеска се враќаат од странство, пет од Србија (тројца од КБЦ Ниш и двајца од ВМА Белград) и еден од Италија, соопшти Министерството за здравство. Тие ќе бидат примени во здравствени установи од кои биле испратени и согласно повредите.
Во однос на останатите пациенти во странство, кај дел има подобрување, а неколкумина се уште се интубирани и во потешка здравствена состојба.
Во здравствените установи во државава остануваат 16 пациенти во добра општа состојба, како и во текот на вчерашниот ден, по шест во Св.Наум Охридски и ГОБ 8 Септември и четири во приватните болници.
-И понатаму внимателно ја следиме состојбата на повредените пациенти и остануваме во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветени на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани, наведува Министерството.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
