Илиевски: Нов скандал во министерството на Андоновски, тендер добиле родители на негов вработен

По објавувањето на скандалот за судир на интереси во Министерството на Стефан Андоновски, каде тендер доби сопругот на Државната секретарка, ДКСК отвори предмет. Граѓаните сеуште чекаат да постапи Јавното обвинителство за случајот, за истиот да добие разрешница. Додека целата јавност беше во тага и болка за несреќата во Кочани, каде што загинаа 59 млади луѓе а речиси 200 беа повредени, на само три дена по трагичниот настан Андоновски побара извинување од СДСМ, изјави Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.

– Шокантно е што барањето за извинување пристигна на 19 март на самиот ден на погребот на загинатите од несреќата кога целата нацијата беше во шок. Тоа го покажува степенот на загриженоста на министерот за трагичниот настан. СДСМ е одговорна партија која се бори секогаш да излезе вистината на виделина, и да зборува во насока на заштита на јавниот интерес пред се!

Токму затоа, наместо извинување До Министерот Андоновски, денес ќе објавиме индиции за уште еден скандал. Се работи за тендер од 600.000 денари за набавка на систем за контрола на пристап, добиен од фирмата „БОКИ СИМПЛ ТЕК СОЛУШНС“ ДОО Скопје. Според информации од свиркачи кои ги добивме, сопственици на оваа фирма се родителите на Борче Младеновски, инаку вработен во ИТ секторот на истото министерство. Го повикуваме Андоновски да излезе и да одговори дали е ова точно?

Дали тендерот тежок 600.000 денари завршил кај родителите на вработен во министерството? Индикативен е називот на меилот кој правното лице го има дадено во доставената документација за контакт со министерството кој гласи Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. СДСМ се обиде го најде список на вработени во Министерството за дигитална трансформација, но на сајтот на министерството тој податок не е достапен, таму стои дека сеуште тој документ е во изработка.

Дали на повидок е уште еден скандал на непотизам и конфликт на интереси во министерството на Андоновски? Селективноста и селективната правда е потребна за сите други случаи на власта кои ги прави, а не само за трагедијата во Кочани. Институциите не смеат да молчат за тендерските мрежи на ДПМНЕ бидејќи станува збор за пари на граѓаните, рече Илиевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.