До петок пороен дожд и грмежи, од недела заладување

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени, информира УХМР.

 

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд, повремено во делови од котлината пообилен. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

 

Од УХМР најавуваат дека продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре и в четврток ќе има изолирана појава, а од петок на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од недела температурите ќе бидат во опаѓање





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.