
Од 1 април му откажаа бубрезите, 40 отсто од телото му беше со изгореници, Таравари потврди дека во Литванија почина управителот на дискотеката „Пулс“
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 04 Април 2025

Министерот за здравство Арбен Таравари утрово потврди дека на повредите од пожарот во Кочани во Литванија, каде што беше на лекување, им подлегна Александар Карадакоски. Во Литванија бил испратен со 40 отсто изгорено тело.
„За жал, утрово, два часа пред да тргнам за Липково, ја добив лошата вест дека еден пациент е починат во Литванија. Од четворицата пациенти, тој беше најкритичниот. Од 1 април му откажа работата на бубрезите, практично беше ставен на дијализа и, за жал, утрово ја добив лошата информација дека починал. 40 отсто од телото му беше со изгореници. Од почетокот главен проблем беше инфекцијата, огромната површина рани што ги имаше на телото. Да се надеваме другите критични пациенти да поминат подобро и да ни се вратат во државата“, рече министерот Таравари утрово по посетата на Здравствениот дом во Липково.
Карадакоски е еден од четворицата пациенти за кои министерот постојано известува дека се во критична состојба. Министерот Таравари утрово извести дека од 80 пациенти што се лекуваат во странство, во овој момент има петнаесетмина, кои се интубирани, сите други дишат самостојно
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
