Измамил старица за 3.000 евра, лажел дека син ѝ прегазил дете

Измамник земал 3.000 евра од старица во Скопје. Тој  ѝ рекол дека син ѝ со автомобил прегазил дете, а за да се спаси од затвор треба да му даде пари.

 

Според информациите на МВР, вчера 81-годишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била измамена од едно машко лице за сума од 3.000 евра.

 

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзиниот син и неговата сопруга предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле дете и доколку не сака да лежат во затвор требало да плати. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако нејзината снаа се вратила во домот од работа, таа сфатила дека била измамена.

 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.