Бекам за нарушувањето што го имаат милиони: Им одам на нерви на Викторија и на децата

Дејвид Бекам повторно проговори за своето опсесивно-компулсивно нарушување. При претставувањето на својот бренд на додатоци во исхраната тој откри дека неговите постапки ги нервираат неговата сопруга Викторија и децата – синовите Бруклин, Ромео и Круз и ќерката Харпер.

 

„Јас сум многу организиран, до тој степен што може да биде исцрпувачки. Понекогаш тоа ја нервира мојата сопруга, а понекогаш и моите деца“, рекол Бекам, според „Пејџ сикс“.

 

Тој додаде дека често им кажува на своите деца дека без него „ништо не би било чисто и организирано и дека би ги заборавиле работите“. Покрај тоа, Бекам ја насмеа публиката со прередување на шишињата наредени во пирамида. „Не беше сè усогласено“, рече тој притоа покажувајќи пример за опсесивно-компулсивно нарушување.

 

Бекам еднаш призна дека останува буден неколку часа по сите други за да ја чисти и средува куќата. Тој сподели како неговата состојба го принудува да ги чисти искористените свеќи секој ден, а во еден момент дури и ја критикува Викторија дека ја става солта онаму каде што не ѝ е местото.

 

Опсесивно-компулсивното нарушување спаѓа во групата анксиозни нарушувања и се карактеризира со појава на опсесивни мисли и компулсивни дејства. Луѓето што страдаат од ова нарушување ја сфаќаат ирационалноста на своите постапки и ги сметаат за непријатни, но не може да ги спречат. Приближно еден процент од светската популација, што е приближно 70 милиони луѓе, страдаат од опсесивно-компулсивно нарушување.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.